Скопскиот булевар „Илинден“ блокиран од незадоволни комунални работници
Денеска, работниците од Флораком, фирма основана од ЈП Паркови и зеленило Скопје, излегоа на протест кој започна во 10 часот и ќе трае до 13 часот со блокирање на булеварот Илинден на раскрсницата во делот пред влезот на комуналното градско претпријатие.
Протестот е поради тоа што до 15-ти јули, до кога е законскиот рок за исплата на плата, не им е исплатена платата за месев јули, а платата за месец мај беше исплатена во текот на вчерашниот ден, по најавениот протест.
Вработените најавија порадикални мерки со блокирање на раскрсницата на булеварот „Илинденска“ и денеска со поддршка на Синдикатот СУТКОЗ и ССМ поради неисплатените плати протестираат, а на протестот со нив се и Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Истовремено, покрај барањето за исплата на платата за месец јули, работниците бараат и исплата на регресот за годишен одмор за 2022, 2023 и 2024 година, како и редовна исплата на плата за да не се протестира повторно.
Дололку не биде исплатена платата за месец јули најдоцна 22.07.2025 година, на 23.07.2025 година работниците и синдикатот повторно ќе излезат на протест.
Слично
