Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопскиот Аква парк ги отвора вратите на 15-ти јули

Скопскиот Аква парк ги отвора вратите на 15-ти јули
На 15-ти јули во Скопје свечено ќе биде отворен Аква паркот во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Според најавите во паркот се направени 10 тобогани, потоа има мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани. Направени се и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти кои треба да понудат забава во вечерните часови. Како дел од комплексот е мрзливата река, неколку барови и ресторанот. Цената на билетот ќе биде 350 денари, додека за деца под 4 години влезот ќе биде бесплатен. За проектот се одвоени 4,2 милиони евра државни пари, а градежните работи ги изведе  „Жикол" од Струмица, турската фирма „Полин" и фирмата „Електро унион-Скопје".
Слично

Поврзани вести