Скопскиот аеродром остана без Александар Велики
Со специјална градежна механизација на скопскиот аеродром почна отстранувањето на буквите од натписот „Александар Велики“, кој стоеше на заградата на терминалот на аеродромот.
ТАВ Македонија, концесионерот на македонските аеродроми, соопшти дека со тоа почна да се спроведува одлуката на Владата за преименување на аеродромот во Скопје. Од претпладнево се отстрануваат буквите на таблата на терминалната зграда од досегашното име Александар Велики, што се преименува во Меѓународен аеродром Скопје. На таблата ќе се изврши замена со букви за новото име.
Пред неколку дена почна остранувањето и на таблите со името на автопатот Александар Велики долж Коридорот 10 кои исто така со владината одука беше преименуван и го носи името Пријателство.
