Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопскиот аеродром ќе добие опрема за да може да се лета и во магла

Скопскиот аеродром ќе добие опрема за да може да се лета и во магла
Нов систем на сателитска наигација треба да овозможи непречено одвивање на авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ и во услови на магла. Колку ќе чини инвестицијата, допрва ќе се пресметува. Агенцијата за цивилно воздухопловство организираше состанок со претставници на Еуроконтрол, Европската комисија и Агенцијата за сателитска навигација на ЕУ за да се изработи физибилити студија за ваков проект. Маглата ја попречува работата на аеродромот, а минатата зима заради слаба видливост со денови беа откажани летови, заради што „Александар Велики“ трпеше финансиски загуби. За нормално одвивање на авиосообраќајот сега потребна е видливост поголема од 1,2 километри.
Слично

Поврзани вести