Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопскиот аеродром и натаму затворен

Скопскиот аеродром и натаму затворен
Нема ниту полетувања, ниту слетувања од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Од утрово поради густата магла се откажани и пренасочени сите летови. Од скопскиот аеродром не знаат кога ќе се нормализира авионскиот сообраќај во земјава и велат дека тоа зависи од временските услови. Утринава беше откажан и чартер летот со кој македонските ракометари требаше да отпатуваат на Европското првенство во Данска каде што утре го играат првиот натпревар против домаќинот. По повеќе часа чекање тие со автобус тргнаа за Софија од каде што ќе летаат за Данска.
Слично

Поврзани вести