Скопски Водовод доби нов директор, трет за една година
Од Град Скопје информираат дека за нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство.
Од таму додаваат дека досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.
За една година ЈП Водовод и канализација - Скопје промени тројца директори, откако Митовски претходно беше назначен на местото на Златко Перински.
Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените и е економист исто така со 20 години работно искуство, а во МКЦ ќе биде назначен нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.
Слично
