Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Фото: МКД

Скопски таксист денеска во близина на Железничката станица седна на кровот од своето возило за да го одбрани од пајак-службата и да не плати казна за непрописно паркирање.

Како што објави МКД, на крајот ја платил само казната од 1.500 денари кон МВР за непрописно паркирање, а претходно не сакал за жива глава да се симне од автомобилот.

Инцидентот настана откако пајак-службата, во придружба на полиција, пристигна на локацијата за да го отстрани непрописно паркираното возило. 

По кусо договарање со надлежните, му беше изречена само парична казна, а возилото остана на местото на настанот.


Слично

Поврзани вести