Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПСКИ РЕСТОРАН ОШТЕТЕН ЗА НЕКОЛКУ ДЕНАРИ: Предизвикале хаос, јаделе и заминале без да платат

СКОПСКИ РЕСТОРАН ОШТЕТЕН ЗА НЕКОЛКУ ДЕНАРИ: Предизвикале хаос, јаделе и заминале без да платат

Ресторан во центарот на Скопје пријавил до МВР две лица кои вечерале и заминале без да ја платат сметката. Вчера 40 минути по полноќ вработена во ресторанот пријавила дека на 5 април околу 23.30 часот во ресторанот дошле две лица (машко и женско) и се однесувале недолично. 

Потоа машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката. Како што соопштуваат од МВР, вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не платиле, но машкото лице почнало да вика и да тврди дека ја платиле сметката и дека некој ги украл парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести