Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопски наставник терал ученик да тепа друго дете

Скопски наставник терал ученик да тепа друго дете

Скопски наставник терал ученик-насилник да тепа друг ученик. Случајот во полиција го  пријавила мајката на малтретираното дете. 

Во полициската станица Карпош, денеска 44-годишна жена од Скопје пријавила дека минатата недела, на час во основно училиште во општина Карпош, по претходно недоразбирање меѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другото дете физички да го нападне нејзиното дете. 

„Според пријавеното, малолетникот на 19 мај во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според жената пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата работи на расчистување на случајот. Во регионот во последно време имаше повеќе инциденти во училиштата. 

Медиумите јавија и дека во хрватскиот град Пула, ученик и неговиот татко предизвикале инцидент со наставничка. 

Слично

Поврзани вести