Скопски МКЦ се реновира со 50 милиони денари
Со 5 милиони денари Градот Скопје ќе се реновираат повеќе делови во МКЦ. Како што денеска за време на посетата најави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, веќе се работи на џебното кино кое ќе биде со капацитет 80 нови седишта, нови акустични ѕидови и проектор со ново платно.
„Ова кино ќе ги исполнува условите за да влезе во „Арт-кино“ мрежите на Европската унија за што веќе МКЦ конкурираше и се надеваме дека ќе можеме и тука да ги следиме филмовите што се прикажуваат во „Арт-кината“ во ЕУ,“ изјави Трајановски.
Се реновира и Денсинг салата во МКЦ. Се прави нова сценска конструкција што ќе овозможи покрај музичките да се изведуваат театарски престави, како и подобро осветлување.
Ќе се менуваат и сите 80 врати колку шти има во МКЦ.
„Во киното Фросина каде што минатата година беше инсталиран систем за ладење и греење сега се менува подот и очекуваме со средства од ЕУ да се дигитализира за да го постигне стандардот за ваков тип настани“, изјави Трајановски.
Слично
