Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца странци во изолација во скопски хотел, сомнителни на корона

Двајца странци во изолација во скопски хотел, сомнителни на корона

Хотелска соба во еден хотел во центарот на Скопје е своевиден карантин денеска откако гости од странство пријавиле симптоми поради што се сомнителни на корона вирус. 

Министерот Венко Филипче потврди дека двајцата пациенти се во хотелската соба и со нив во тек е интервју. Земени се брисеви и за неколку часа резултатите ќе бидат готови.

Ако се негативни ќе бидат испратени на Инфективна клиника да се лечат за симтоматологијата која ќе се докаже. Ако се позитивни на корона има алгоритам по кој се постапува. 

Едниот е од Сингапур, другиот од Австралија и во Макеоднија стасале со авион од Келн, Германија. 

Слично

Поврзани вести