Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопски хотел илегално сместил гостин

Скопски хотел илегално сместил гостин

Скопски хотел илегално сместил гостин од Дебар иако не смее да работи поради корона-кризата, информира Јавното обвинителство кое отвори случај. за непостапување по здравствените прописи.

До ова откритие дошол Државниот пазарен инспекторат, кој утврдил дека управителот на хотелот му овозможил хотелско сместување на лице од Дебар, спротивно на одлуките и наредбите со кои сите угостителски објекти се затворени за гости.

Судот треба да му изрече парична казна од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност на хотелот, како и казна од 100.000 денари за обвинетиот директор, соопштија од обвинителството.


Слично

Поврзани вести