Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопски булевар ќе го носи името на Есма

Скопски булевар ќе го носи името на Есма

Скопски булевар ќе го носи името на кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска, по одлука на Министерството за култура со што ќе и се оддаде почит на оваа славна уметница која остави траен белег на музичката сцена во Македонија и пошироко. 

По тој повод вчера во Министерството за култура кај министерот Роберт Алаѓозовски беа примени претседателката на хуманираното здружение “Есма и Стево Теодисевски”, Зорана Костовска, и долгогодишната активистка Мирјана Марковска. 

Претседателката Костовска објасни дека оваа иницијатива за именување на булеварот по името на Есма поодамна тлее не само во самото здружение, туку и кај премногу луѓе во Македонија кои ја почитуваат Есма и како уметник, но и како човек, голем хуманитарец и голема Македонка.


Слично

Поврзани вести