Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопската обиколница пуштена за сообраќај

Скопската обиколница пуштена за сообраќај

Попладнево од 17.55 часот, обиколницата во Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци.

Сепак, има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата, стои во известувањето од АМСМ.

Обиколницата беше затворена по невремето од саботата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Слично

Поврзани вести