Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопска „пееска“ се враќа во ГТЦ со кратките единечни автобуси

Скопска „пееска“ се враќа во ГТЦ со кратките единечни автобуси

Градот Скопје започна да ја применува одлуката на градоначалникот Петре Шилегов за враќање на автобуската постојка во ГТЦ од која најмногу ќе настрадаат жителите на Хиподром, Автокоманда и Ќерамидница кои наместо со поголемите двокатни автобуси сега ќе бидат принудени да патуваат и со единечните автобуси кои може да пројдат во пролазот поради нивната помала висина.

Тоа значи дека автобусот со број 50 повторно ќе застанува во ГТЦ во приземниот дел со идеја дека ете граѓаните почесто ќе го посетувале трговскиот центар и со тоа ќе придонеле да се врати бројот на купувачи. 

За почеток ќе бидат прераспределени 10 автобуси кои беа увезени од Украина за градскиот превоз на ЈСП.

Исто така следен автобус кој ќе биде принуден да се враќа во ГТЦ е бројот 57 кој сообраќа на една од најдолгите релации во Скопје според километража од Радишани до Козле и во шпицот има огромни гужви каде ни двокатните автобуси кои имаат поголем капацитет не се доволни за да ги превезат сите патници.

Слично

Поврзани вести