СКОПЈЕ-ЗОМБИЛЕНД: Реакции за ненакитениот град од Галетановски
Веќе наголемо почнаа реакциите упатени до градските власти заради неукрасувањето на Скопје и покрај тоа што градоначалничката Данела Арсовска, во гостување уште минатата година даде ветување дека градот ќе почне да го украсува уште во септември.
Еден од многумината што реагираат е поранешниот директор на ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, кој е и претседател на скопската организација на СДСМ.
Тој вели дека Скопје наликува на Зомбиленд.
„Скопје-Зомбиленд. Украсено од септември, ама ако сонуваме. Прв пат е грешка, втор пат е избор. Никогаш повеќе излажани“, се вели во неговата реакција со која објави и видео од центарот на градот.
Видеото може да го погледнете тука
Слично
