Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје засега останува без нов Луна парк

Скопје засега останува без нов Луна парк

Единствената понуда на коцесионерот кој сакаше да гради нов Луна парк во Скопје градските власти вчера ја отфрлија оти не ги исполнувала бараните услови. Градоначалникот Коце Трајановски, засега  нема  среќа да започне да го гради новиот Луна-парк на крајот од тековниот мандат.

Откако беше распишан огласот и три фирми подигнаа тендерска документација, а една од нив дури достави и понуда, на градските власти не им појде од рака првиот оглас да го прогласат за успешен и да изберат инвеститор. -Понудата не соодветствуваше со критериумите од јавниот повик и затоа е отфрлена. Град Скопје подготвува нов јавен повик кој ќе биде објавен наскоро“, накусо одговараат од Градот без никакви детали. Ова беше втор обид на градските власти да најдат инвеститор за долгонајавуваниот проект.
Слично

Поврзани вести