СКОПЈЕ ВО ТОП 5 НАЈЗАГАДЕНИ: Не излегувајте доколку немате потреба
Скопје попладнево е 5-ти најзагаден град во светот.
Ова го покажуваат податоците на air visual.
Друштво на Скопје му прават Калкута во Индија и таа е на прво место, на второ место е Дака во Бангладеш, на трето е Делхи во Индија и четврти е Улан Батор во Монголија.

Во земјава денеска многу високо загаден е и воздухот во Тетово.
Владата информираше дека е надминат прагот на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во воздухот во Тетово, со што стапуваат во сила препораките и мерките во согласност со заклучоците од записникот од 40. владина седница, што се одржа пред два дена.
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да: препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Им препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата што работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.
Тие препорачуваат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
