Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ ВО СОЛЗИ: Почина познатиот Диџеј Бабура

СКОПЈЕ ВО СОЛЗИ: Почина познатиот Диџеј Бабура

Дефинитивно без него ноќниот живот во главниот град нема да биде веќе ист.

Легендата и инспирацијата на познати светски диџеи која ги забавуваше скопјани , младите ширум земјава но и Европа со најдобрите журки Диџеј Бабура починал утринава по кратко боледување.

Љупчо Петровски (неговото име и презиме) зад себе остави сопруга и две близначиња Јаков и Јаким кои на свет дојдоа пред повеќе од една година.

babura2

Диџеј Бабура беше познат и најекспониран во јавноста. Настапуваше со сите светски  диџеи кои гостуваа во земјава, а со него израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.

Бабура кариерата ја започна во Уно, Мега, Антена 5 а беше и косопственик во Сити Радио.
Оние кои растеа во 70-тите, 80-тите и 90-тите години го знаеја од познатите клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Слично

Поврзани вести