Скопје во канџите на коронавирусот, жари и во Тетово и Струмица
Скопје е лидер, па следува Тетово. Во главниот град со денови има најголем број новозаразени и се разбира има најмногу активни случаи - дури 4.862 по последната статистика. Сепак Тетово е новото жариште меѓу другите градови. Во овој град во последното деноноќие има 95 новозаразени, а во моментов активни се 609 случаи.
Следува Струмица со 560 активни случаи, а во овој град во последното деноноќие има нови 37 случаи. Во Прилеп новозаразени се 29, а вкупно активно во моментов активни се 510 случаи. Во Куманово има 22 новозаболени, во Штип - 34, во Велес - 44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Кочани-17.
• Скопје 14028, активни 4862
• Куманово 2333, активни 435
• Дебар 347, активни 55
• Штип 1715, активни 301
• Прилеп 1376, активни 510
• Тетово 2294, активни 609
• Струга 840, активни 121
• Велес 816, активни 420
• Битола 727, активни 298
• Охрид 736, активни 270
• Кавадарци 538, активни 235
• Гостивар 1245, активни 238
• Гевгелија 403, активни 189 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 993, активни 560
• Крива Паланка 247, активни 95
• Радовиш 244, активни 84
• Крушево 30, активни 9
• Кочани 735, активни 213
• Пробиштип 209, активни 71
• Демир Хисар 86, активни 20
• Македонски Брод 105, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 215, активни 52
• Валандово 108, активни 39
• Виница 187, активни 71
• Делчево 262, активни 107 (65 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 58, активни 28
• Свети Николе 490, активни 89
• Кичево 594, активни 189
• Ресен 253, активни 68
• Неготино 162, активни 87 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
