Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје од утре под посебен сообраќаен режим, доаѓа Анджеј Дуда

Скопје од утре под посебен сообраќаен режим, доаѓа Анджеј Дуда

Скопје утре и задутре че биде под посебен сообраќаен режим, известува МВР, затоа што во дводневна посета на Македонија ќе биде полскиот претседател Анджеј Дуда.

За таа цел  МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Од министерството апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите  кои  ќе  ги  даваат  униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.


Слично

Поврзани вести