Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАНИЦИТЕ ЌЕ ПРЕВРТАТ: Скопје утрово 15-ти загаден град во светот, Гостиварчани едвај дишат

СТАНИЦИТЕ ЌЕ ПРЕВРТАТ: Скопје утрово 15-ти загаден град во светот, Гостиварчани едвај дишат

Скопје ова утро е на петнаесетото место на листата на „Ервижуал“ по загаденост.

Пред нас од регионот е само Босна и Херцеговина, додека на листата се нижат и градови од Непал, Индија, Бангладеш, Кина.

Сепак, градот во кој мерните станици превртуваат е Гостивар. Таму загаденоста е  983 µg/m3 ПМ10 честички.


На половина од таа статистика, или 425 µg/m3 ПМ10 честички е загаденоста оваа среда кај Ректорат.

Не се дише и во Лисиче и Карпош каде нивото на загаденост е двапати над дозволеното.



Загаден воздух се дише и во Кочани и Миладиновци според утринските статистики.

Препораките на надлежните во вака екстремно загадено препорачуваат да се избегнува престој на отворено, или да се носат заштитни маски.

Свесни сме дека загадувањето убива и може да предизвика разни здравствени проблеми, но како да се заштитиме од нешто што ни е неопходно за живот - воздухот, кога мерките на надлежните или не се доволно ефикасни или им треба поголем период за да вродат со плод? 

Можеби одговорот е поедноставен отколку што си мислиме - волнен шал!

Слично

Поврзани вести