Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ СТАНУВА РЕКОРДЕР: Се нижат сообраќајки со жртви!

СКОПЈЕ СТАНУВА РЕКОРДЕР: Се нижат сообраќајки со жртви!

Најголем број на сообраќајки со тешки последици се случуваат во главниот град Скопје.

Само во последните четири дена се случиле 43 сообраќјни незгоди, со 17 повредени и една жртва.

Црната статистика на МВР покажува дека во четврток евидентирани се вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден возач на мотоцикл, а регистрирани се и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Првата се случила во 16 часот и 5 минути на бул. „Крсте Мисирков“ во која учествувале автобус и пешак. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Втората незгода се случила во 19 часот и 10 минути на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во која учествувале патничко моторно возило „фијат уно“ и пешак. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Во петок, сообраќајната полиција регистрирала три сообраќајни незгоди од кои два се со последица материјална штета и една незгода со последица тешка телесна повреда.

Во сабота, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои седум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и двајца пешаци.

Регистрирана е и една незгода со последица загинато лице. Сообраќајката се случила околу 15 часот и 27 минути на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“, ул. „Ангел Динев“ и ул. „И. Маџовски“ во која учествувало товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје, роден 2004 година. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и истиот им подлегнал на повредите на лице место.

Вчера пак сообраќајците регистрирале седум сообраќајни незгоди од кои четири се последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

На што се резултат се почестите сообраќајки?

На нервозни возчи, несовесни граѓни, непочитување на законите и правилата!

Кога сите би ги почитувале законите сообраќајни незгоди ќе нема!

Слично

Поврзани вести