Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје стана град во кој лудо се вози: Девојка жртва на преголема брзина

Скопје стана град во кој лудо се вози: Девојка жртва на преголема брзина

Страшна несреќа вечерва го потресе главниот град.

Млада девојка го загуби животот кога автомобил изгубил контрола и со голема брзина удрил во неа.

Незгодата се случила околу 20 часот на улица Васил Ѓоргов во близина на трговскиот центар „Зебра“, а автомобилот потоа влетал во еден од излозите на околните згради.

Според информациите кои кружат низ медиумите се работи за малолетна девојка а надлежните вршат увид на несреќата.

Се поголем е бројот на ваквите незгоди на скопските улици. Станаа секојдневие пред очите на граѓаните. Возачите треба да обратат поголемо внимание на брзината со која го управуваат возилото.   (Фото: Ѕид на сообраќајниот срам)
Слично

Поврзани вести