Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје „скокна“ на ранг-листата на градови со поскапени недвижнини

Скопје „скокна“ на ранг-листата на градови со поскапени недвижнини

Скопје се искачи од дното на листата од 150 светски градови во кои во изминатата година е забележан раст на цените на недвижностите. Доминираат германските градови, објави Дојче Веле.

Скопје се искачи од последното, 150-то на 88. место во светот, според ранг-листата на консултантската куќа „Најт Франк“. Во анализата за првиот квартал од 2017 година, Скопје беше убедливо на последното место со пад на цените на недвижностите од 7 проценти. Но, во деновиве објавената нова ранг-листа, заклучно со четвртиот квартал од 2017, Скопје се искачи на 88. место со раст на цените од 3,5 проценти.

„Најт и Франк“ објавува редовни квартални извештаи кои го мерат индексот за домување во најголемите светски градови. Според последниот индекс, Скопје забележило голем напредок на листата, што значи дека цените на недвижностите започнале да растат.

На врвот на листата за 2017 година се наоѓа Берлин, каде цените на недвижностите пораснале за 20,5 проценти. Германскиот главен град се искачил на врвот благодарение на големиот раст на населението, стабилната економија, рекордно ниската невработеност и големиот интерес на странските инвеститори, кои заедно ги движат цените нагоре. 

На второ место е турскиот Измир со раст од 18,5 проценти, а на трето главниот град на Исланд- Рејкјавик со 16,6 отсто раст. 





Слично

Поврзани вести