Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ, СЕПАК, НЕ СТИГНА ДО 10.000, но Прилеп и Куманово надминаа илјадарка - вирусот не стивнува

СКОПЈЕ, СЕПАК, НЕ СТИГНА ДО 10.000, но Прилеп и Куманово надминаа илјадарка - вирусот не стивнува

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54.743, бројката на оздравени пациенти е 32.366, на починати е 1.511, а бројот на активни случаи изнесува 20.866.

Ова се најновите податоци на Министерството за здравство. 

Од нив може да се види дека метрополата, главниот град Скопје, за малку не стигна до 10.000 новозаболени, како што се очекуваше, иако имаше 321 новозаболени паценти. Сепак, среќна околност е што оздравеле токму денеска 290 скопјани, поради што очекуваната неповолна статистика од 10.000 не се случи. Да се надеваме дека нема ни да дојде до тоа, но попрецизен развој на настаните ќе имаме во текот на следниве денови.

Но, затоа пак Куманови и Прилеп веќе надминаа по 1.000  активни случаи. А над 1.000 активни случаи веќе одамна имаат петте поголеми скопски општини.

Но, да вииме каква е епидемиолошката слика во земјава. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 23935, активни 9883

• Куманово 3427, активни 961

• Дебар 431, активни 96

• Штип 2419, активни 537

• Прилеп 2598, активни 1010

• Тетово 3526, активни 1004

• Струга 1283, активни 419

• Велес 1739, активни 784

• Битола 1703, активни 849

• Охрид 1398, активни 590

• Кавадарци 1056, активни 452

• Гостивар 2107, активни 759

• Гевгелија 657, активни 231 (48 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1550, активни 613

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 623

• Гази Баба – 1472

• Аеродром -1424

• Карпош – 1192

• Центар – 1188

• Кисела Вода – 1205

• Ѓорче Петров – 827

• Бутел - 551

• Шуто Оризари – 183

Инаку, стапката на заразени денеска изнесува огромни 43,6 процени од вкупно тестираните. Всушност денеска од направени 2.553 тестирања, позитивни се 1.112 лица. Починаа 24 наши сограѓани, од кои шестмина млади, под 50 години. 

Слично

Поврзани вести