Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ СЕ СОБИРА ПРЕД „НЕГОВАТА“ УНИВЕРЗАЛНА: Почит и испраќање на легендарниот Балашевиќ

СКОПЈЕ СЕ СОБИРА ПРЕД „НЕГОВАТА“ УНИВЕРЗАЛНА: Почит и испраќање на легендарниот Балашевиќ

На социјалната мрежа Фејсбук се повикуваат граѓаните на Скопје последна почит да му оддадат на великанот Ѓорѓе Балашевиќ вечерва пред „неговата“ Универзална сала, каде настапуваше повеќе пати и каде со воодушевување го следеше публиката во Македонија.

-Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.
Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда, се вели во повикот за вечерашниов настан.


Слично

Поврзани вести