Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА: Пред 54 години страшен земјотрес го разурна градот

СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА: Пред 54 години страшен земјотрес го разурна градот

Пред  54 години, на 26 јули 1963 година, Скопје беше разорено од силнeн земјотрес со јачина од 6,1 степени.

Во  земјотресот 1000 до 1100 жители загинале, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата кои останале без дом бил 200.000.

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски.

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. Неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“. 

Слично

Поврзани вести