Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје се подготвува новогодишно да светне за 285 илјади евра

Скопје се подготвува новогодишно да светне за 285 илјади евра

Рекордна сума ќе се издвои и годинава во метрополата за Новогодишен сјај за пречекот на 2020 година.

Град Скопје годинава за новогодишно украсување ќе „фрли“ 285 илјади евра а улиците новогодишните светилки ќе ги светне фирмата Линк Медиа Плус која десет години наназад е задолжена за доловување на новогодишната атмосфера.

Еуфоријата на најлудата ноќ ќе ја збогатува дигитална елка а пресметките покажуваат дека за годинава буџетот за новогодишното китење е  за 30 000 евра поголем од лани.

Годинава за прв пат ќе светна и неколку булевари кои досега не беа украсуван, а во оваа сума влегува и огнометот кој ќе го означи стартот на 2020.

Скопјани на плоштад ќе ги забавува Дино Мерлин.

Слично

Поврзани вести