Скопје се најде на листата најдобри градови за соло патници
Платформата GuruWalk објави листа на најдобрите градови за соло патници.
Анализирани биле резервациите за пешачки тури во последните 12 месеци, а меѓу 150-те најпопуларни градови биле издвоени оние со најголем удел на соло патници.
На првото место се најде Торонто, каде што повеќе од половина од туристите кои резервирале тури преку GuruWalk патувале сами – 50,5 проценти.
На второто место е Санта Ана, додека трет град е Сао Паоло. Понатаму следуваат Тајпеј и Куала Лумпур.
Меѓу најдобрите 10 градови се најдоа и два балкански града. Скопје е на осмото место, а Белград ја затвора листата на десетте најдобри дестинации за соло патници.
Најдобри градови за соло патници:
Торонто, Канада
Санта Ана, Ел Салвадор
Сао Паоло, Бразил
Тајпеј, Тајван
Куала Лумпур, Малезија
Ла Паз, Боливија
Хонгконг
Скопје, Македонија
Сингапур
Белград, Србија
