Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Вечерва е 8-ми најзагаден град во светот

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Вечерва е 8-ми најзагаден град во светот

Скопје вечерва е 8 најзагаден град во светот, а вчера беше на четвртата позиција. 

Главниот град е во топ 10 со градови од Индија, Пакистан, Кина, Непал, Монголија, и Бангладеш. 


Во моментов многу високо загаден е и воздухот во Битола, а високо загадени се и Велес, Тетово, Кочани и Куманово. 

Ниско загадени вечерва се Кавадарци, Кичево и Дебар. 

Од денеска повторно се враќаат владините мерки, бесплатниот јавен превоз, прекинувањето на градежните работи додека од работа се ослободени трудниците, возрасните над 60 години и хронично болните лица.

Од Владата велат дека ги обврзале сите државни органи да ја намалат до 50% употребата на службените возила како и да обезбедат ограничувања на градежните работи.

Слично

Поврзани вести