Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје се движи кон 6.000 активни случаи на коронавирусот

Скопје се движи кон 6.000 активни случаи на коронавирусот

Коронавирусот забрзано се шири во Скопје. 

Бројот  на активни случаи се приближува кон 6.000. 

Според извештајот на Министерството за здравство, во главниот град има активни 5.880 случаи. 

801 случај има во Тетово, во Прилеп 707, во Струмица 607, во Велес 577, во Куманово  564.

Од помалите градови Пехчево има 6, а Македонски Брод 12 активни случаи. 

Во Крушево бројот на активни случаи се искачи на 20. 

Во последните 24 часа се направени 3.331 тестирања, а регистрирани се 1.275 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-519, Куманово-70,  Штип-36, Прилеп-75, Тетово-85, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Охрид-24, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-7, Кратово-12, Свети Николе-6, Кичево-34, Ресен-6, Неготино-19. 

Слично

Поврзани вести