Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНО: Сијаличките на Новогодишната елка ќе засветкаат вечерва а ова се плановите за празниците

СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНО: Сијаличките на Новогодишната елка ќе засветкаат вечерва а ова се плановите за празниците

Метрополата е подготвена за новогодишните празници. Вечерва ќе светнат сијаличките на Новогодишната елка која ќе ги разбуди оние емоции пред едни од најубавите празници.

Плоштадот „Македонија“ ќе ја има честа да и се радува на големата елка а 120 ученици во хор пеејќи Божиќни песни ќе го означат стартот на празничниот амбиент.

Новогодишното празнување во Скопје ќе се украси со кучќички како што е карактеристично за големите светски градови .

Населбата која ќе биде задолжена да го привлекува вниманието на Скопјани е наречена „Винтерленд“ (Зимска земја) .

Сите ќе имаат можност да седант околу елката бидејќи тој простор како што велат од градот ќе биде наменет како дел за храна и пијалаци.

Забава од новогодишен карактер ќе има и за најмалите.

Сето ова се најави кои би требало да стартуваат од вечерва а дали ќе биде навистина така ќе се видиме а 15 декември е датумот кога официјално ќе почне програмата во центарот на градот.

Слично

Поврзани вести