Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ ПОД ОПСАДА: Продолжува да им се суди на обвинетите од „Диво Насеље“

СКОПЈЕ ПОД ОПСАДА: Продолжува да им се суди на обвинетите од „Диво Насеље“

Кружење на полициски хеликоптери и силни безбедносни мерки на вториот ден од судењето на обвинетите од мајските кумановски напади.

Судењето продолжува а 29 мина обвинети ќе седнат на обвинителната клупа овој пат во Врховниот суд.

Обвинетите како што е добро познато се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

Образложувајќи го обвинителниот акт, јавниот обвинител Наум Пановски на почетокот на судскиот процес рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица Гошинце.

Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.

Одбраната на почетокот на судскиот процес побара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Слично

Поврзани вести