Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје под окупација на четворица високи гости меѓу нив и најчестиот европски комесар кој ни доаѓа

Скопје под окупација на четворица високи гости меѓу нив и најчестиот европски комесар кој ни доаѓа

Главниот град денес дочекува четворица високи претставници од Америка и Европа.

Најпознат меѓу нив за нас е европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Хан ќе има обраќање на отворањето на Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан во организација на Европската комисија. Најверојатно е дека ќе испрати силна поддршка за Македонија во пресрет на референдумот.

Во официјална посета ни доаѓа и Џејмс Норман Матис. Тој е секретар за одбрана на САД  а од Италија ќе долета Елизабета Трента која е министерка за одбрана на таа земја.

Но тука не запираат посетите.

На гости во земјава пристигнува и висока воена делегација на Националната гарда на сојузната американска држава Вермонт предводена од командантот генерал-мајор Стивен Креј .

Скопје во изминативе неколку недели е домаќин на влијателни личности меѓу кои беа германската канцеларка Ангела Меркел и британската премиерка Тереза Меј. Сите тие досега испратија силна поддршка за Македонија на патот кон евроинтеграциите.

Слично

Поврзани вести