Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ ПАДНА НА СВЕТСКАТА ЛИСТА ЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ: Како да се спасиме од загадувањето?

СКОПЈЕ ПАДНА НА СВЕТСКАТА ЛИСТА ЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ: Како да се спасиме од загадувањето?

Мерњата направени ова утро го закотвија Скопје на 17 место на листата најзагадени градови во светот за разлика од минатата недела кога метрополата се искачуваше во првите пет градови кои дишаат на шкрги.

Мерните станици во главниот гард утрово покажуваат загадување во рамки на нормалата, но сепак Тетово не може да се пофали со истото.

Во прилог на овој текст ви даваме неколку докторски совети за „спас“ од аерозагадувањето:

Д-р Пејковска ги предлага овие мерки:

1. Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.

2. Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Потребно е нашите читатели да знаат дека загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.

3.Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.

4.Формирајте здрави навики. Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација. Препорачливо е пешачење или возење велосипед.

5. Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.

6. Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на ваште домови.

7.  Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате

Слично

Поврзани вести