Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СКОПЈЕ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК НА НЕСПОСОБНОСТА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА“: Се јави и градоначалникот на Гази Баба, Стефковски

„СКОПЈЕ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК НА НЕСПОСОБНОСТА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА“: Се јави и градоначалникот на Гази Баба, Стефковски

За барањето за да и се одземат ингеренции на градоначалничката Данела Арсовска, се огласи и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Скопје не смее повеќе да биде заложник на неспособноста на Данела Арсовска!

Оддржавме координација помеѓу градоначалниците на општините на која разговаравме за проблемите со кои се соочуваме, а се во директна надлежност на Градот Скопје.

Имаме комплетно нефункционални јавни претпријатија кои не ги исполнуваат своите обврски кон скопјани и покрај тоа што граѓаните секој месец плаќаат утврден надоместок за тоа!

Како градоначалници заклучивме да испратиме барање до Владата на Република Македонија за отпочнување на постапка за расформирање на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило и нивна распределба по општините во Градот Скопје.

Ниту нашето Скопје, ниту Скопјани повеќе не смее да бидат заложници на неспособноста на Данела Арсовска!

Скопје заслужува подобро, а Скопјани заслужуваат функционален град кој ќе биде наша радост и гордост!“, напиша тој на фејсбук.




Слично

Поврзани вести