Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СКОПЈЕ НЕ Е БАВЧА, ПА СЕКОЈ ДА ЈА ОРА“, „ПРВДА ПРЕД ПРОФИТ“ - протест против висококатницата кај Воена болница

„СКОПЈЕ НЕ Е БАВЧА, ПА СЕКОЈ ДА ЈА ОРА“, „ПРВДА ПРЕД ПРОФИТ“ - протест против висококатницата кај Воена болница

Граѓани организирани од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ излегоа на протест против изградбата на спорната 17 катница, која треба да „никне“ на просторот позади бензинската пумпа на „Макпетрол“, кај поликлиниката „Букурешт“.

„Скопје не е бавча па секој да ја ора“, „правда пред профит“, „град за луѓе не за профит“ пишуваше на дел од транспарентите.

Од „Независни за Карпош- За заштита на Карпош“ нагласуваат дека и покрај, според нив спорното позитивно мислење издадено од Конзерваторскиот центар, се подготвува изградбата на висококатницата. Според нив, Општина Карпош крие дека е издадена градежна дозвола, а на оградата на градилиштет веќе е истакнато решението за градење.

Луѓето кои излега на протестот бараат да се поништи, како што го нарекуваат, нелигитимното конзерваторско мислење врз кое е издадена градежната дозвола и да се оневозможи изградбата на овој компекс во рамки на заштитена зона. Во зградата ќе треба да се вселат над 2.000 жители, а стравувањата се дека тоа ќе предизвика дополнителен сообраќаен метеж.

Фото: Фејсбук профил Јанаки Митровски

Слично

Поврзани вести