Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје на листата на Ер Србија: Достапна онлајн чек-ин опција а вие треба да направите само една работа

Скопје на листата на Ер Србија: Достапна онлајн чек-ин опција а вие треба да направите само една работа

Бројни новитети од оваа година најави српската авиокомпанија „Ер Србија“. 

Последна во низата новитети е опцијата чек-ин . Таа ќе важи за 28 градови, а се што треба да направат патниците е да се пријават по пат на интернет 36 часа до еден час пред полетувањето.

Како што се наведува на сајтот на компанијата, оваа опција е достапна за летовите на Ер Србија чија појдовна точка се Белград, Бања Лука, Подгорица, Сараево, Скопје, Тиват, Загреб, Атина, Солун, Софија, Тирана и Букурешт.

Оваа онлајн опција е достапна и за Амстердам, Виена, Бејрут, Брисел, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Ларнако, Лондон, Милано, Москва, Париз, Прага, Рим, Штудгард, Тел Авив и Венеција.

Како се наведува, тоа е една од бројните новини кои компанијата ги најавила, а претходно оваа година е најавено дека од 1 јуни воведување на редовни директни летови во текот на цела година кон седум нови дестинации - Киев, Мадрид, Барселона, Ријека, Краснодар, Хелсинки, и Каиро како и две сезонски линии за Ница и Задар.



Foto: Profimedia

Слично

Поврзани вести