Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ: Му вперил пиштол на таксист додека го возел, па го ограбил

СКОПЈЕ: Му вперил пиштол на таксист додека го возел, па го ограбил

Вчера околу 22,40 часот од страна на М.Г. (36) од Скопје е пријавено дека на улица "Методија Митевски"  во Скопје додека чекал патници на такси станицата се качило непознато лице кое побарало да го одвезе до одредена локација со населба Чаир. 

Откако пристигнале на наведената локација, непознатото лице со закана со огнено оружје одзел 2.000 денари од пријавителот и го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Слично

Поврзани вести