Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

Новиот градски татко денеска се пофали со нова тура редовни активности. Орце Ѓорѓиевски сподели фотографии од работни активности низ центарот на Скопје, посочувајќи притоа дека екипите работат интензивно на сите страни низ градот.

- Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто.

На плоштадот „Македонија“ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните.

Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации.

Го правиме тоа за нас, но и за сите гости кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град - напиша градоначалникот на Фејсбук, споделуваќи паралелно и фотографии од работните активности. 

Да се надеваме дека овие работи ќе се случуваат во континуитет бидејќи тоа е должност на секоја градска администрација и дека веќе изградените објекти ќе се одржуваат редовно. 
Еве што сподели градоначалникот на Скопје на Фејсбук:
Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести