Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје меѓу петте градови што Британски Телеграф ги препорачува да се посетат!

Скопје меѓу петте градови што Британски Телеграф ги препорачува да се посетат!

Европските градови кои никогаш не помисливте да ги посетите - а би требало. Вака британски Телеграф ја започнува приказната во која своето место го најде и нашата метропола Скопје.

Опишувајќи го со една реченица, се доловува вистинскиот раскош кој Скопје го поседува и заслужува да се најде во европските градови кои треба да се посетат.

„Со неговите големи амами, улиците од калдрма и отворените пазари, Скопје е различен од другите источно европски градови, според Сара Еванс. Нискобуџетниот авиопревозник Визер нуди директни летови од Лондон, се наведува во текстот под фотографијата на која се гледа „Мостот на уметноста“.- вака Телеграф накратко го опиша нашето Скопје.

Ако обожавате да патувате, тогаш во животот барем еднасш, според препораки на овој медиуми би требало да ги посетите и Бергамо (Италија), Виторија-Гастеиз (Шпанија), Тавира (Португалија), Осјек (Хрватска), Умеа (Шведска), Тревизо (Италија), Тбилиси (Грузија), Нан (Франција) и други.

Овде може да прочитате подетално за сите европски градови кои се најдоа на листата на Британски Телеграф.

Слично

Поврзани вести