Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, ТЕТОВО, ЛИПКОВО И ШТИП СО ПОЛИЦИСКИ ОД 22 ЧАСОТ: Комисијата денеска со ваков предлог до Владата

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, ТЕТОВО, ЛИПКОВО И ШТИП СО ПОЛИЦИСКИ ОД 22 ЧАСОТ: Комисијата денеска со ваков предлог до Владата

Комисијата за заразни болести денеска ќе достави предлог до Владата повторно да биде воведен полицискиот час во општините од каде има најмногу заразени со корона вирусот, а тоа се: Скопје, Тетово, Куманово, Липково и Штип. Завраната за движење на граѓаните, би требало да важи од 22.00 до 05.00 часот.

Од Комисијата за Фактор велат дека иако кривата на позитивни се уште е над 100, станува збор за асимптоматски случаи.

-Не би требало толку да се шириме во тестирањата, вели изворот на Фактор, и додава дека најголемиот број тестирани граѓани кои се позитивни немаат никакви симпотоми. Затоа, како што потенцира изворот на Фактор, и бројката се движи над 100.

Дали ќе биде прифатен предлогот или не, Владата денеска на седница ќе одлучува.

Претходно Фактор информираше дека Комисијата денеска разговарала и за отворање на границите, но препорака нема да дата се додека бројот на заразени не падне под 50 случаи. 

А.Б. 

Слично

Поврзани вести