Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје ќе „врие“ од полиција за УЕФА Супер купот

Скопје ќе „врие“ од полиција за УЕФА Супер купот

Скопје ќе „врие“ од полиција за време на УЕФА Супер купот на 8 август со цел се да помине во најдобар ред.

За безбедноста на Суперкупот ќе бидат ангажирани околу 2.000 полициски службеници. Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат распоредени на граничните премини за прифаќање и придружба на навивачите на двата клуба до Скопје.

„Сите недостатоци кои беа нотирани од страна на УЕФА на Телеком арената во Скопје се отстранети. Супер купот може непречено да се одржи. УЕФА доаѓа во контрола во понеделник. На нас останува да се покажеме како гостопримливи домаќини – истакна Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.

Во Скопје ќе пристигнат мега фудбалските ѕвезди на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кои ќе играат за да докажат кој е ултимативен владетел на Европа за сезоната која измина.

Слично

Поврзани вести