Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ: Ќе се воведува трепкаво зелено светло на семафорите!

СКОПЈЕ: Ќе се воведува трепкаво зелено светло на семафорите!

Од кабинетот на градоначалникот на Град Скопје соопштија дека од утре во главниот град ќе се воведе трепкаво зелено светло на сите семафори.

 Оттаму информираат дека трепкавото зелено светло  се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.

Од Град Скопје ги потсетуваат возачите дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, a да не го поминат тој знак и се мочат да го почитуваат истотот а крстосниците да ги поминуваат исклучиво на зелено светло.

Слично

Поврзани вести