Скопје ќе си ја прибира фирмарината, на градот му требаат пари!
Град Скопје ќе ја почне доставата на опомени за неплатен долг за данок на имот кај правните лица и за комунална такса фирмарина за 2011 година. Наведениот долг, даночните обврзници се должни да го платат во рок од осум дена од приемот на опомената, во спротивно согласно со Законот за даноци на имот ќе се пристапи кон присилна наплата, преку деловните банки, известија од град Скопје.
„Даночните обврзници, долгот може да го проверат во Секторот за финансиски прашања, бараки број 15 и 16, или да се обратат на телефоните 3297-298 за данок на имот и 3297-314 за фирмарина“, велат од град Скопје.
Слично
