Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје има над 11.000 активни случаи на коронавирусот

Скопје има над 11.000 активни случаи на коронавирусот

Скопје засега е најголемо жариште на коронавирусот во Македонија. 

Најновите податоци на Министерството за здравство покажуваат дека во градот има 11.527 активни случаи на коронавирусот. 

За 24 часа во Скопје има 323 нови, а оздравеле 349 заразени. Во последното деноноќие 10 пациенти во главниот град починаа од вирусот. Сите се во поодминати години. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, Тетово-19, Струга-15, Велес-22, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-25, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-13, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-4, Пехчево –1, Берово-7, Валандово-5, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-5, Ресен-5, Неготино-11. 

Слично

Поврзани вести