Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје има над 10.000 активни случаи на коронавирусот

Скопје има над 10.000 активни случаи на коронавирусот

Во главниот град има над 10.000 активни случаи на коронавирусот, според податоците кои ги објави денеска Министерството за здравство. 

Има 10.477 активни, а досега вирусот е потврден кај 28.368 скопјани. Во Прилеп има 1.031 активни, во Гостивар 996, во Тетово 974, во Куманово 886.

Виока бројка на активни има и во Велес, односно 725, а Битола има 942. 

Охрид има скоро 600, а Кавадарци над 500 активни случаи на коронавирусот. 

Најмалиот град во Македонија, Пехчево има само 19 активни случаи на Ковид -19. 

Вирусот секој ден носи човечки животи. За 24 часа има 22 починати од коронавирус во Македонија. 

Слично

Поврзани вести