Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје има 619 нови случаи на коронавирусот

Скопје има 619 нови случаи на коронавирусот

Според најновите податоци на Министерството за здравство, Скопје има 619 нови случаи на коронавирусот. 

Зад главниот град е Битола, каде има 75 нови заразени, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес - 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11. Во другите градови, бројот на заболени е помал. 

Во Скопје има 9.329 активни случаи на коронавирусот, а во Прилеп има 1.047 активни. 782 активни има во Куманово. Дојран и Македонска Каменица имаат само по 9 активни случаи. Нови мерки засега нема, а од утре почнува вакцинацијата со вакцината АстраЗенека. 


foto freepik

Слично

Поврзани вести