Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје има 2.845 активни и 155 нови заразени

Скопје има 2.845 активни и 155 нови заразени

Главниот град има најмногу активни, но и најмногу  нови случаи на коронавирусот. 

Според податоците кои ги објави денеска Министерството за здравство, во главниот град има 2.845 активни и 155 нови заразени. Во извештајот се наведува дека има и 114 оздравени пациенти. Меѓу 8-те починати, 5 се од Скопје. Станува збор за луѓе на возраст од 94, 81, 79, 78 и 76 години. 

Во неколку градови има пораст на бројот на заболени. Во земјава се шири и британската мутација на вирусот.  Во земјава вчера почна вакцинацијата. Новите соеви на вирусот создаваат проблеми. 

foto freepik
Слично

Поврзани вести